Испечати

Брз чоко јагода колач

Брз чоко јагода колач

Состојки

  • 250 гр брашно
  • 200 гр шеќер
  • пола лажиче пециво
  • 1 лажиче сода
  • 5 лажици рендано чоколадо или какао
  • 4 лажици слатко или џем од јагоди
  • 250 мл млеко
  • За прелив
  • 50 гр путер
  • 150 мл млеко
  • 3 лажици какао

Подготовка

Многу вкусен колач и многу брзо се подготвува

Во длабок сад, ставете ги брашното, шеќерот, пецивото содата, чоколадото во прав. Промешајте убаво со лажица. Додадете го млекото и матете со миксер. При крајот на матењето додадете го и слаткото или џемот од јагоди.

Добиената смеса префрлете ја во намрсена и набрашнета тава. Печите на 200 степени околу 15 минути.

Додека се лади колачот, пригответе го преливот.
Ставете го млекото, путерот и какаото на тивок оган и промешувајте. Кога ќе почна да врие, тргнете го од оган. Додека е жешко, прелијте го колачот.
-Колачот исечете го на коцки и декорирајте по желба

На здравје!