Бабка чоколадна
Состојки
- тесто
- 120мл. млеко
- 70гр.. Шекер
- 1 сув квасец
- 2 јајца
- 1 жолчка
- 1/2 лажичка сол
- 500гр. брашно
- 100гр. путер
- фил
- 100гр. путер
- 90гр. чоколада за готвење
- 40гр. какао
- 40гр. шеќер во прав
- 1/2лаж. цимет
- прстофат сол
- посип
- 50гр. омекнат путер
- 30гр. прав шеќер
- 80гр. брашно
- прстофат сол
- јајце разматено со лажица вода за премачкување
Подготовка
Во топло млеко дададето го шеќерот, квасецот, јајцата, жолчките, околу две раце брашно и путер. Се добро соединете и постепено дадавајте го брашното замесувајки убаво мазно тесто кое е малку лепливо. Оставете околу еден час да стаса се додека не го дуплира својот волумен.
Тестото извадете го на побрашнете површина со оклагија расукајте колку што можете потенко.
Филот нанесете го тенко сеуште додека е млак за да може убаво да се премачка.
Мотајте во ролат и на начинот на кој ви е покажан во дополнителните слики. Самото мотање може да си го направите на начин на кој ви е на вас најлесен, може да си направите плетенка.
Ролатотот го оставаме да стаса околу половина час го премачкуваме и ја наросуваме со смесата од брашно, шеќер и путер.
Фил
На пареа или на пониска температура растопите чоколада и путер. Во смесата измешајте го какаото, шеќер во прав, сол и цимет.
Посип
Сите состојки за посипот замесете ги грубо т.е во ронки
Со ронките посипете го премачканиот ролат.
На здравје!!!