Тробојна штрудла
Состојки
- Тесто
- 500 гр брашно
- 1 јајце
- 25 гр квасец
- 40 гр шеќер
- 1 ванила
- 2 лажици масло
- прстофат сол
- 300 мл млако млеко
- Фил од ореви
- 200 гр мелени ореви
- 100 гр шеќер
- 1 белка
- малку рум
- 100 мл врело млеко
- Фил од мак
- 200 гр мелен мак
- 100 гр шеќер
- 1 белка
- малку рум
- кора од лимон
- 150 мл врело млеко
- плус 300 гр мармалад од кајсии
Подготовка
Најпрво се прават филовите. Во сад се става врело млеко и шеќер да поврие да се растопи шеќерот се додаваат оревите, румот .... и се трга настрана да олади.
Исто се прави и со макот.
1. Се замесува тесто од сите состојки и се остава да надојде. Кога ќе стаса тестото се дели на 6 топки. По три топки одат за една штрудла. Значи излегува од оваа количина 2 штрудли.
2. Се зема едното тесто се расукува се премачкува со мак. Се зема второто тесто се расукува и се става врз првото тесто и се премачкува со ореви. Се зема третото тесто се расукува и се става врз второто тесто и се премачкува со мармалад. Потоа сите теста полека заедно се виткаат во ролат.Така се прави и со другите топки за да се добие уште еден ролат. Се става во долга тава и се остава да стасаат штрудлите. Се премачкуваат со 2 жолчки се прободуваат ролатите со долго стапче до дното за да не пукаат.
3. Се печи на 170С околу 40 мин.Превкусна е пробајте да ја направите.
Добар апетит.