Чоколадна торта со рум

Состојки
- 4 јајца
 - 100гр шеќер
 - 1 пециво
 - 200гр маргарин
 - 150 гр чоколадо за готвење
 - 4 лажици брашно
 - Фил
 - 500 мл слатка павлака
 - 100 гр бело чоколадо
 - 300 гр чоколадо за готвење
 - 1 шишенце екстракт рум
 
Подготовка
Торта која што се топи во уста...
Чоколадото е незаменливо во секој мој десерт, просто го обожаваме сите дома.
 Ова е превкусна торта која буквално се топи во уста.
 Јајцата и шеќерот ги матиме со миксер и откако ќе бидат убаво изматени ги додаваме брашното и чоколадото 150 гр кое претходно го имаме растопено заедно со маргаринот. Го додаваме и прашакот за пециво и се' заедно матиме уште малку додека не се соеднинат сите состојки и не добиеме убава смеса.
 Вака добиената смеса ја ставаме во набрашнета тепсија или калап ако имате уште подобро. Јас немав калап во моментот и ја печев во тепсија бр30.
 Печеме во загреана рерна околу 20-30 минути зависно од тоа како ви пече самиот шпорет. Дали е готова проверувам на оној стар начин со чепкалка за заби. 
 Додека се печи тортата во тенџере на оган ја ставаме павлаката и чоколадото и ги мешаме постепено додека не се соединат.
 Штом е готова тортата малку ја оставаме да олади и од горе на полеваме со румот, кој и дава преубав шмек.
 Половина од слатката павлака ја ставаме на тортата, а другата половина ја оставаме убаво да олади.
 Тортата исто ја оставаме да се олади и здрви првиот слој од слатка павлака и чоколадо. Остатокот од филот го матиме со миксер и го мачкаме најгоре на тортата. Декорираме со рендано бело чоколадо и лешници.