Испечати

Баклава со таан алва и суво овошје

Баклава со таан алва и суво овошје

Состојки

  • 500гр кори
  • 50 гр нишесте
  • 125гр маргарин
  • 100мл масло
  • за фил
  • 150гр ореви сецкани
  • 100гр рендано чоколадо
  • 100гр суви смокви
  • 100 гр урми
  • 200гр таан алва
  • за шербет
  • 800гр шеќер
  • 1л вода
  • 1 ванила
  • прсофат лимонтус

Подготовка

Овој рецепт за баклава го правев прв пат но не и последен. Го повторивме уште два три пати сигурно.
Најпрво го вариме шербетот за да може да се излади додека ја приготвуваме баклавата.
Во тенџере на оган го ставаме шеќерот заедно со водата и лимонтус и оставаме да врие 10 минути, а пред крајот додаваме ванила.
За попрскување на корите го растопуваме маргаринот заедно со маслото.
Таан алвата, сецканите ореви, урми, смокви и ренданото чоколадо ги промешуваме убаво со рака.
На работна површина се става прво една кора врз неа се попрскува малку густин и маслото со маргарин претходно растопено, врз тоа ставаме уште една кора и таа исто ја попрскуваме и на долниот дел ставаме од филот. Виткаме ролат цврсто и ги редиме во подмачкан плех.
Се така додека се потрошат корите и филот.
Ролатите ги премачкуваме со четка со вода а потоа и со малку масло ја сечеме баклавата на парчиња, печеме на 180 степени додека се добие убава румена боја.
Печената и топла баклава ја полеваме со изладениот шербет.
За овој рецепт јас ви предлагам да го приготвите со велешка таан алва бидејки нејзиниот вкус е незаменлив.
Бидејки следниот пат ја правевме од око ни остана фил па му додадовме малку путер и малку сок од портокал и си направивме бомбици .
На здравје!!