Испечати

Штрудла со рендана свежа тиква

Штрудла со рендана свежа тиква

Состојки

  • 500 гр рендана свежа тиква
  • 6 лажици шеќер
  • 1 лажиче цимет
  • 500 гр готови кори
  • 2 паковки ванила
  • 100 гр путер за попрскување
  • 100 гр шеќер во прав за попрскување на штрудлата

Подготовка

Имам поставено и друг начин на штрудла. Овој сегашниов е со не варена тиква.
Време одзема рендањето на тиквата. Ја миеме и ја делиме убаво кората од тиквата. Тиквата ја рендаме од јадрата страна на рендето.
Ја префрламе во длабок сад и ја попрскуваме со шеќер, ванила и цимет.
Путерот го растопуваме.
Корите ги редиме како за баклава. Редиме една кора па попрскуваме путер. На втората кора попрскуваме путер, па на ивицата редиме од свежиов фил од тиква.
Завиткуваме благо од страните да не тече филот, па виткаме ролатчиња.
Така ја употребуваме цела паковка кори.
Распоредете си од филот да ви стаса за сите кори.
Јас ставав од прилика по 4 до 5 лажици фил.
Така подготвената штрудла, ја ставив да се пече во загреана рерна. Ја оставив на потивко да се пече за да може убаво да се испече тиквата.
Да напоменам дека тиквата ја рендав веднаш и одма почнав со подготовка на редењето зашто ако ја оставите подолго со шеќерот, таа ќе пушти вода.
Кога е веќе заруменета и печена, попрскајте ја со шеќер во прав.
Нека ви е слатко.