Данска салама во сос од пиво
Состојки
- Состојки
- 800 гр мелено месо
- 1 јајце
- 3 лажици презла
- 3 лажици маслинов зејтин
- 1 чешне лук
- 500 мл пиво
- Од зачини сол,црн пипер
- 1 лажичка сенф
- 1/2 лажичка нишесте
- 200мл течност (по потреба пиво)
Подготовка
Меленото месо, јајцето, презлата, маслиновиот зејтин, ситно сеченото лукче се мешаат заедно. Се зачинува со сол и црн пипер. Со помош на најлонска фолија премачкана со зејтин се формира салама и се остава во фрижидер 2 часа.
На намастен плех се става саламата и се запекува на 220 степени околу 15 минути за да фати убава румена кора.
Се прелива со половина од пивото, се покрива плехот и така се пече 45 минути на 180 спепени. Во текот на печењето се додава и останатото пиво. Пред крајот се трга капакот и се допекува уште 10 минути. Саламата ја тргаме на страна малку да олади за полесно да се сече. Течноста во која се печеше ролатот се прецедува, се додава 1 лажичка сенф и половина лажичка нишесте и се става на оган за да згусне сосот. Отприлика потребно е 200 милитри течност за сосот, така што ако немате толку течност може да се додаде пиво. Со овој сос се полеваат парчињата од пресечената салама.