Ролат од мелено месо со пилешки стек и јајца
Состојки
- 500 гр мешано мелено месо
- 1 јајце
- 1 мала главица кромид
- 3 лажици презла
- црн бибер,сол и мешан зачин по вкус
- 400 гр пилешки стек
- 1 лажица сенф
- сол и едно лажиче кари
- 5 варени јајца
Подготовка
Убав, многу вкусен и декоративан ролат е мојот предлог за денеска.
Прво го подготвуваме делот од мелено месо. Во меленото месо ги додаваме-ситно сецканиот кромид, јајцето, презлата и зачинуваме според вкус. Смесата убаво ја месиме со рака.
Пилешкиот стек го сечеме на тенки парчиња и го чукаме со чекан за месо додека парчињата станат многу тенки. Сите парчиња стек ги мачкаме со сенф и ги зачинуваме со сол и кари. Стекот го оставаме вака да се маринира еден час во фрижидер.
Од смесата со мелено месо на алуминиумска фолија со рака формирама кора дебела околу еден прст. Врз меленото месо ги ставаме парчињата стек, па верените јајца. Виткаме ролат со помош на алуминиумска фолија.
Ролатот со фолија го ставаме во плех, додаваме пола шоља вода и малку масло и го печеме во загреана рерна на 200 степени околу 30 минути.
Потоа ја вадиме фолијата и печеме без фолија уште околу 10 минути.
Печениот ролат го оставаме малку да се олади и го сечеме на прачиња.
Ние го јадевме со печени компири и салата.
На здравје!