Испечати

Кифлички моркови (за полнење)

Кифлички моркови (за полнење)

Состојки

  • 400 гр брашно
  • 1 квасец
  • 100 мл млеко
  • 50 мл јогурт
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажица шеќер
  • За премачкување
  • 1 јајце
  • сусам или ленено семе

Подготовка

Овие преубави кифлички ги направив за Велигденска трпеза. Ги полнев со мајонезна салата.
Во просеано брашно додајте квасец сол, шеќер, млеко, јогурт и замесете тесто. Оставете го да стаса.
Ако немате калапи за виткање на тесто, направете си од фолија. Јас немав и си направив од фолија.
Тестото рассукајте го во пласт, сечете од него ленти околу 2 см, и завиткајте ги врз калапот.
Оставете ги 15 минути да отстојат, премачкајте со јајце и наросете со сусам или ленено семе.
Печете ги во загреана рерна на 220 степени околу 35 минути.
Готови кифлички наполнете со салата, врз салата ставете магдонос за да изгледаат како моркови.
Овие кифлички многу убаво ќе ја украсат вашата трпеза!
Добар апетит!