Грилијаж ролат
Состојки
- Кора
- 6 јајца
- 6 лажици шеќер
- 2 лажици брашно
- 100 гр мелени ореви
- Фил
- 160 гр шеќер
- 150 гр толчени ореви
- 3 јајца
- 100 гр шеќер
- 125 гр путер
- 100 гр чоколадо
- Декорација
- 100 гр чоколадо и дел од грилијажот
Подготовка
Ролатов со еден збор е фантастичен. Не верувам дека има некој што не ја сака комбинацијата на грилијаж со чоколадо. Овој ролат го правам повеќе за божиќните празници како дрво, а сега со мали промени го направив за Велигден.
Кора
Јајцата ги кршиме и ги двоиме белките од жолчките. Жолчките ги матиме со 6 лажици шеќер. Додаваме 2 лажици брашно и 100 гр мелени ореви.На крај го додаваме снегот од 6те белки. Лесно мешаме и печеме во плех покриен со пек хартија во загреана рерна на 180 степени околу 10-12 минути.
Печената кора со хартијата што се печеше ја виткаме како ролат и оставаме да се олади.
Грилијаж
100 гр шеќер со 150 гр ореви и една лажица путер се пржат на оган додека се растопи шеќерот. Потоа додека е жешко го истураме на хартија и оставаме да се олади. Ладниот грилијаж го толчиме.
Фил
160 гр шеќер со 3 јајца се мешаат на пареа додека згуснат. Се оставаат да се оладат.
На страна се мати путерот и се додава смесата со јајца.100 гр чоколадо се топи на пареа и се додава кај путерот.На крај се додава грилијажот(дел оставаме за декорација)
Врз кората го нанесуваме целиот фил и виткаме ролат.
Топиме 100 гр чоколадо и го полеваме целиот ролат и нанесуваме грилијаж. Декорацијата ја завршуваме со Велигденски декорации направени од фондан.
Среќни Велигденски празници на сите !