Редена погача
Состојки
- 1/2 л млеко
- 2 јајца
- 1 коцка квасец
- 200 мл масло
- 1 кг до 1 кг 200 гр брашно
- 200 гр путер
- 1 лажичка шеќер
- 1 лажичка сол
- За премачкување
- 1 јајце
Подготовка
Многу едноставна за подготовка е оваа погача,вкусна и мека.
Квасецот со млакото млеко и една лажичка шеќер се остава да се активира.
На страна во сад се ставаат брашното и солта. Се додааваат јајцата и маслото и на крај се додава квасецот.
Се меси околу дест минути, убаво мазно тесто и се остава да надојде.
Надојденото тесто се премесува и се вадат околу 20 топчиња.
Топчињата се сучат како мали кори со дијаметар од 10 цм, а се остава едно топче за во среднина.
Секоја кора се потопува со растопен путер. Корите се редат скалесто во длабоко тенџере убаво намастено со путер. Во средина се става едно топче тесто. Со останатиот путер ја прелеваме погачата и ја оставаме да надојде на топло уште околу половина час.
Пред печење ја премачкуваме со разматено јајце и ја наросуваме со сусам.
Погачата ја печеме во загреана на 200 степени околу 40 минути.
Чекаме малку да се олади и ја превртуваме и ја завиткуваме со крпа.
На здравје!