Велигденска торта (декорација )
Состојки
- 250 гр фондан зелен
- За украсување
- 1паковка боја ( зелена,бела, плава )
- 15 декоративни бисери
- 1 чоколадни фигури по потреба
- За домашен фондан
- 1лажиче маргарин
- 400гр шеќер во прав
- 50гр фруктоза
- 25 мл вода
- 5гр желатин
- 10мл вода
- Уште еден рецепт за фондан
- 1лажица глицерин
- 100 гр фруктоза
- 900гр шеќер во прав
- 10 гр желатин
- 50мл вода
- 20 мл вода за фруктозата
Подготовка
Рецептот го поставив како декорација.
Тоа е мојата годинешна торта за Велигденов.
Тестото, односно пандишпанот е од памук пандишпан кој го поставив овде пред некој ден.
За фил користев нежен бел фил со нота на кокос.
Да запишам дека тортата ја исфилував и ја премачкав од надвор,а потоа со вилушка повлеков по површината.
Горниот дел го послав со зелен фондан кој го измоделирав како трева, како
ливада. На средишниот дел ја поставив фигурата со јагне и декорирав со цветови. Долниот дел каде стои тортата го прикрив со зелен фондан,како трева.
Рецепт 1
фруктозата ја растопуваме со вода на оган,па го додаваме претходно растопениот желатин со вода.
Промешуваме добро да не останат грутчиња.Додајте го и маргаринот па убаво мешајте се да се соедини. Додавајте постепено од шеќерот и месете.Тешко е месењето,но додавајте полекаи ќе добиете убав бел фондан.
Рецепт 2
Во сад на оган ставете 100 гр фруктоза со 20 мл вода.
Желатинот ставете го настрана со 50 мл вода.
Откако ќе се стопи фруктозата и ќе зоврие се додава глицеринот и желатинот.
Се меша па се замесува со шеќерот во прав. Настрана во вангличе месете го додавајќи прав шеќер.Ако сакате бои ставете и продолжете со месење.
Тоа е мојата креација, за многу години денот