Испечати

Торта со чоколаден фил и ореви

Торта со чоколаден фил и ореви

Состојки

  • Пандишпан
  • 4 јајца
  • 1 шола шеќер
  • ¾ шола масло
  • 1 шола млеко
  • 1 лажиче сода бикарбона
  • 2 и 1/3 шоли брашно
  • 2 ќесички ванилин шеќер
  • прстофат сол
  • Фил
  • 500 мл слатка павлака
  • 200 г квалитетно темно чоколадо
  • 3 лажици какао крем Винчини
  • 1 ќесичка шлаг крем (најдобро чоколаден)
  • 100 г мелени ореви
  • За прелевање на корите
  • 150 мл врело млеко
  • 1 лажица инстант чоколадо
  • Глазура
  • чоколаден прелив од Винчини
  • Плус пандишпан
  • 1 кора готов чоколаден пандишпан од Винчини

Подготовка

Тортиче за мерак, лесна структура, сочна, вкусна и убава на пресек. Додадов и 1 кафеав пандишпан за да дојди пошарена, вие не морате ако не сакате или ако немате. Јас секогаш си чувам готови пандишпани од Винчини дома, ако не ги употребам сите, останатите ги замрзнувам и после одмрзнување немаат воопшто промена во вкусот.

Подготовка

Изматете ги јајцата со шеќерот и ванилиниот шеќер, додадете го млекото и маслото, па на крај додадете го брашното со претходно додадената сода и сол. Измешајте убаво со дрвена лажица и истурете ја смесата во калапот за торти од Винчини, обложен со хартија за печење, а страните намастени.
Печете околу половина час во загреана рерна на 180 степени. Проверете со чепкалка за заби дали е готов пандишпанот.

После печење, оставете убаво да се излади, потоа извадете го од калапот, отстранете ја хартијата за печење и во хоризонтала, сечете го на 3 дела со голем нож или со конец.

За фил, се загрева кратко слатката павлака со чоколадото и какао кремот додека не се растопат убаво. Се меша до изедначување. Се остава да се излади.
После се мати со миксер и се додава 1 ќесичка шлаг директно во филот, ако ви иди прегусто, додадете малку млеко, филот ќе го зголеми доста волуменот. Додадете ги и мелените ореви.

Подгответе го преливот за корите со загревање на млеко измешано со инстант чоколадо.

Почнете со редење на тортата, ред пандишпан, попрскајте со млеко, ред фил. Со преостанатиот фил премачкајте ја целата торта, а одозгора нанесете чоколаден прелив од Винчини. Оставете ја убаво да се излади. Декорирајте по желба, јас додадов само малку кршени ореви.