Тава со телешко, печурки и компир
Состојки
- Состојки
- 800 гр телешки шницли
- 800 гр печурки-лисичарки
- 800 гр компири
- 2 моркови
- 250 мл бело вино
- Од зачини сол,црн пипер,ловоров лист,црвен пипер
Подготовка
Телешките шницли прво ги чукаме. Ги посолуваме со сол, црн пипер и црвен пипер. Ги оставаме да одстојат малку. За тоа време ги лупиме компирите и ги сечеме на кришки. Ги миеме и печурките и нив ги додаваме кон компирите. Истото го правиме и со морковите.
Ги посолуваме и ги ставаме во тава. Врз нив ставаме малку зејтин.
Телешките шницли ги запржуваме на зејтин за да фатат кора.
Ги ставаме врз зеленчукот. Додаваме 4-5 ловорови листови, полеваме со 250 милитри вино, 250 милилитри вода, ставаме капак врз тавата и ги оставаме да се динстаат во рерна на 200 степени. После половина час го тргаме капакот, ја намалуваме рерната и така се динстаат уште половина час. Ако е потребно се вртат шницлите од двете страни.