Испечати

Чокола палачинки

Чокола палачинки

Состојки

  • 200 гр брашно
  • 1 лажица шеќер
  • 1 ванилин шеќер Фантазија
  • 400 мл млеко
  • 2 лажици растопен путер
  • 3 јајца
  • За фил
  • Чокола крем на Винчини

Подготовка

Нашиот омилен рецепт во комбинација со крем од лешник, кој верувам дека ќе ви се допадне. Има неколку рецепти со палачинки но овој е начинот на кој јас ги подготвувам и се многу вкусни. Магијата настанува при начинот на нивното декорирање.
Во сад додајте го брашното, шеќерот и ванилиниот шеќер. На страна изматете ги јајцата. Во брашното постепено додавајте го млекото и матете, потоа додајте ги јајцата и путерот и повторно матете додека не се соединат состојките. Тајната на совршените палачинки е во тоа што тестото, пред да се стави да се пржи, мора да се стави предходно да одстои 1 час. Најубаво е да стои преку ноќ.
Тавата за палачинки од Делимано прво ја намачкуваме со масло па ја загреваме. Ги пржиме палачинките една по една, па кога ќе се изладат ги премачкуваме со Чокола кремот од Винчини.
Начинот на декорирање можете да го видите на сликите.
Брзо, вкусно, едноставно!
На здравје!