Лепиња
Состојки
- Состојки
- 600 гр пченично брашно
- 200 мл млеко
- 200 мл вода
- 70 мл зејтин
- 2 лажици шеќер
- 1 лажица сол
- 1/2 коцка квасец
- За поросување сусам
Подготовка
Лепиња меки како памук.
Прво го ставаме квасецот во млаката вода со шеќерот да се активира. Во брашното ги додаваме солта, млекото, зејтинот и надојдениот квасец. Убаво мешаме со дрвена лажица. Се добива меко тесто кое на набрашнета површина леко го домесуваме.
Од ова тесто без да стасува правиме 10 лепиња. Ги ставаме на хартија за печење, ги поросуваме со сусам и ги оставаме да стасуваат 1 до 2 часа. Се печат во загреана рерна на температура од 180 степени околу 20 минути. Се покриваат со крпа да оладат и може да се прават сендвичи.