Испечати

Пекарски кифли (посно)

Пекарски кифли (посно)

Состојки

  • 500 мл млака вода
  • 1 свеж квасец
  • 3 лажици шеќер
  • 1 лажица сол
  • 5 лажици масло
  • брашно по потреба
  • Премаз
  • 1 лажица брашно
  • 3 лажици вода
  • 1 лажица масло
  • сусам по желба

Подготовка

Посни, брзи, вкусни и вреди да се направат.
1. Во сад се зафаќа квасецот со 1 лајче шеќер, млака вода и квасец. Се остава да се активира квасецот. Потоа во друг сад се додава преостанатиот шеќер, солта и малката вода. Се додава квасецот кој е надојден и постепено се додава брашно. Се остава 30мин да стасува.
2. Се премесува тестото додавајќи малку брашно да не се лепи. Се дели на 50 топчиња и секое топче се премачкува со масло.
Се сука коричка и се витка кифла. Се оставаат така кифлите да стасаат.
Се премачкуваат со премазот, поросуваат со сусам и се печат на 200С-25мин.