Брзи домашни еклери со лажица
Состојки
- 4 јајца
- 1/2 (120мл)филџан масло
- 1 филџан брашно
- 1 филџан вода
- 1/2 пециво
- фил
- 500мл. млеко
- 5лаж. шеќер
- 2 јајца
- 2 ванилин шеќер
- 2 полни лажици брашно
- 125гр. путер
- 3лаж. шеќер во прав
- чоколада за готвење или течна чоколада ВИНЧИНИ
Подготовка
Ставете ги маслото и водата да зовријат и нека врие уште некои две минути. Во зовриената течност додавајте го брашното и енергично мешајте додека не се собери. Тргнете го садот од оган, додадете го пецивото и оставете смесата потполно да се излади.
Во изладената смеса миксирајте ги јајцата, така што ќе ги додавате едно по едно.
Има два начини на одлагање на смесата во плехот
Со помош на лажица ставате по 2 купчиња едно до друго и одозгора ги израмнувате многу малку да добијат облик, вториот начин е стандарно со шприц.
Печете во загреана рерна на 250С првите 10 минути, потоа смалете ја температурата на 150С и печете уште 20 мин. Додека се печат еклерите рерната не смее да се отвора, особено барем најмалку првите 20 мин.
Млекото и пет лажици шеќер се оставаат да зовријат, па му се додава со жица измешаната смеса од брашно јајца, ванилата и останатите три лажици шеќер. Се вари крем и се остава да излади.Откако ќе ни се излади се соединува со путерот.
Еклерите ги засекуваме полниме со филот и поливаме со течна чоколада.
На здравје!!!