Испечати

Солен куглоф со кромид, маслинки и ајвар

Солен куглоф со кромид, маслинки и ајвар

Состојки

  • 4 јајца
  • 1 филџан пченично брашно
  • 2 филџана пченкарно брашно
  • 1/2 филџан кисела вода
  • 1/2 филџан масло
  • 1 пециво
  • 1 филџан јогурт
  • 2 страка млад кромид
  • 3 , 4 сецани маслини
  • 200гр. сирење
  • 1лаж. ајвар
  • 3лажици урда со пиперки
  • путер за премачкување на калапот,сусам,лен,буковец и малку сув магданос

Подготовка

Во длабок сад изматете ги јајцата, па полека додавајте ги течните, а потоа и сувите состојки.
Додадете ги ситно сечканиот млад кромид,маслинките,урдата,ајварот и здробеното сирење, измешајте со лажица и истурете ја смесата во подмачканиот куглоф. Поросете со лен,сусам,буковец во веќе подмачканот куглоф и печете околу 30-40 минути.
Едноставноно многу декоративо и вкусно.
На здравје!!!