Рустична пита со спанаќ
Состојки
- тесто
- 300гр брашно
- 1лажиче шеќер
- 1/2лажиче сол
- 100мл млеко
- 15гр свеж квасец
- 1лажица маслиново масло
- 80мл топла вода
- фил
- 500гр исчистен спанаќ
- 2 млади кромидчиња
- 1 морков
- 100гр урда
- 100гр крем сир
- сол, бибер, морско оревче, ,масло
- прелив
- 1-2 јајце
- 150гр кисела павлака
- 1 Мало јајце и сусам
Подготовка
Предлог за појадок во празнично утро...
Питата е прекраснаааа
Во топлата вода ги ставме квасецот, шеќерот и лажиче брашно.
Оставаме да се активира.
Потоа во вангличка ги соединуваме квасецот, сол, масло, млеко.
Промешуваме, додаваме брашно и замесуваме средно меко тесто.
Го покриваме да одмори 15 минути.
За тоа време го подготвуваме филот.
Загреваме масло и го додаваме ситно сецканото кромидче, запржуваме, па додаваме сецкан спанаќ и рендан морков.
Пржиме потполно да испари течноста.
Тргаме од оган, зачинуваме и додаваме урда и крем сирење.
Соединуваме.
Не смее филот да е воден
Може да се користат и 8-10 брикети замрзнат спанаќ
Сега тестото го расукуваме во округла кора.
Ја поставуваме на хартија за печење.
Врз неа го нанесуваме филот со спанаќ
Израмнуваме.
Заедно со хартијарта ја пренесуваме питата во тава бр 26.
Ги завиткуваме краевите навнатре.
Во средината го нанесуваме подготвениот прелив
Премачкуваме со јајце и наросуваме сусам
Печиме во загреана рерна на 200 степени околу 30 минути.
Сервираме топла.