Испечати

Хељда со печурки и морков (посно)

Хељда со печурки и морков (посно)

Состојки

  • 100 гр хељда
  • 100 гр печурки
  • 1 кромид
  • 1 морков

Подготовка

Многу убаво, здраво и посно. Идеја за ручек од украинската кујна.
Хељдатс измијте ја. Ставете вода три пати поголема количина од хељдата. Ставете да се вари.
Кромидот и морковот ставете ги во тавче да се подпржи, додајте сечени печурки и пржете заедно.
Во сварената хељда ставете пржени печурки и се заедно промешајте. По желба додајте зачини.
Добар апетит!