Телешки медаљони во сос од печурки
Состојки
- 300 гр. телешко (царското месо)
- на вкус сол,
- малку брашно
- 1 лажичка мустард сенф
- 100 мл. вода
- 200 гр. шампоњони + 100 мл. вода
- на вкус зачинки- сол, сув зеленчук, бибер
Подготовка
- Од царското месо исечете три парчиња од по 100 гр., само малку лесно истолчете, посолете.. извалкајте во брашно, на тивок оган и на малку масло пржете ги од двете страни до нивно заруменување, потоа додадете го сенфот, пробркајте да се редуција, додадете ја водата, поклопете и оставете нека крчкаат до скоро испарување на водата. Додадете ги шампињоните кои сте ги исецкале, додадете уште 100 мл. вода - овкусете со зачинки - нека крчка на тивко, а во мегувремено и пробркувајте. Кога ке се згусти и сосот - медаљоните се готови. Тргнете од огнот и сервирајте со пире, некоја тестенина или рестован компир.. Како ви одговара, а може и со рижото.
Напомена- нормално дека ова може да се приготви и од свинското царско месо.