Венец салата со сурими стапчиња
Состојки
- 200 гр сурими стапчиња
- 200 гр кашкавал
- 200 гр пилешка салама
- 2 варени јајца
- 190 гр една мала тегла кисели краставички
- 2 компира средно големи
- 1 варен морков
- за декорација
Подготовка
Салата одамна подготвена,но не и дошло време за објавување.
Повеќе наликува за новогодишните празници,но ако ја измените во декорацијата,може да биде и за други намени.
Еве како ја подготвив.
Јајцата,морковите и компирот ги сварив.
Краставичките ги исецкав на коцки.
Исто така ги исецкав варените моркови, компири и јајца.
Сечкав се отприлика да изгледа иста големина.
Саламата, кашкавалот и сурими стапчињата исто така ги помешав со останатите состојки откако ги исецкав како претјодните во иста големина.
Промешав со мајонез.
Во средината на чинијата каде декорирав ставив длабок сад ( чиниче)за вдлабнатината на венецот.
Ја оформив салата околу чиничето. Измазнив со шпатула,па декорирав со листови на магдоност по површината. Додадов копар,маслинки, сурими стапчиња. Потребно беше и зрна од калинка, но пошто ги немав искористив фондан смеса.
Нека ви е слатко.