Испечати

Торта Шаќе (без печење)

Торта Шаќе  (без печење)

Состојки

  • 200 гр наполитанки Винчини
  • 200 гр бисквити Винчини
  • 100 гр ореви
  • 200 гр желе бонбони
  • 100 гр локум
  • 150 гр путер
  • 400 мл млеко
  • 2 млечни чоколада
  • 2 лажици какао
  • 50 гр шеќер

Подготовка

Израдувајте ги најмилите со оваа брза и вкусна торта.

Подготовка

1. Во длабок сад ставете ги сувите состојки (искршени наполитанки и бисквити Винчини, исецкани ореви, сецкани желе бонбони, сецкан локум). Промешајте со лажица.

2. Во тенџере на тивок оган, ставете ги путерот, млекото, шеќерот, чоколадата и какаото. Постојано промешувајте. Кога ќе зоврие, одма тргнете го од оган. Додека е жешка смесата, истурете ја во садот со сувите состојки. Убаво промешајте.

3. Во тавче, обложено со фолија, ставете ја целата смеса и убаво распоредете ја. Ставете ја во замрзнувач да стегни. Кога ќе биде цврста, извадете ја од тавата и декорирајте по желба.

На здравје!