Испечати

Сутлијаш

Сутлијаш

Состојки

  • 1 шола бел ориз
  • 1 шола вода
  • 4 шолји млеко
  • 2 ванили
  • 8-10лажици шеќер

Подготовка

Повеќе од вас го знаат рецептот за сутлијаш,некој го прави по стар рецепт,некој со точни мерки ,некој \"од око\" овој рецепт е за млади домаќинки со точни мерки,секогаш успешен,кремаст,вкусен?

Се мие убаво оризот и се става во тенџере на оган заедно со водата додека не ја впие цела вода. Откако ќе ја впие цела вода се додава млекото во два наврати. Се меша постојано да не загори. Времето на готвење е околу 20тина минути. Откако ќе се згустни се додава шеќерот и ванилата. Готов е кога ќе омекне оризот и ќе се згустне млекото.
Одличен е со цимет