Меки кифли
Состојки
- 900 гр брашно
- 1 кесичка сув квасец
- 2 јајца
- 400 мл млеко
- 180 мл масло
- 1 лажица шеќер
- 1 лажиче сол
- сирење по потреба
Подготовка
Совршени, вкусни, лесни како пердув, памук кифли, меки и другиот ден.
Одвеоете ги белките и жолчките.
Во вангла ставете го топлото млеко, маслото, квасецот, шеќерот и солта, белките и убаво измешајте ја смесата. Потоа додајте го брашното, тие 900 гр. Убаво измесете го. Ако е многу меко, ако ви се лепи на рацете, на работната маса ставајте по малку брашно и домесете го. Отприлика може да треба уште педесетина грама.
Оставете го тестото, покриено, да се дуплира.
Поделете го тестото на топчиња, јас на 32.
Секое парче расучете го овално, на едната страна ставете од сирењето, другата страна пресечете го со алатката за правење мрежа, завиткајте ја кифличката и малку завијте ја. (Ако немате ваква алатка, тогаш можете да пресечете со нож)
Наредете ги во плех, покријте ги и оставете ги да киснат половина час. Тогаш вклучете ја рерната на 180 степени. Пред да ги печете премачкајте ги со жолчките во кои сте ставиле 1 лажиче млеко.
Печете ги додека не добијат убава, румена боја.
Преубаво тесто, останува свежо неколку дена.