Паста со мелено во бешамел сос со крем сирење и топено сирење
Состојки
- 350гр. макарони
- 1 литар вода
- 1/4 лажичка сол
- Потребно за месото..
- 350 гр. мелено
- 1 помала главица кромид
- 2 парченца лук
- 1 филџанче (кафено)вода
- 1/2 лажичка сол, малку црн бибер
- 100 гр. путер
- За бешамелот..
- 2 лажици брашно
- 2 лажици путер (цел не стопен)
- 600мл. млеко
- 1/2 лажичка сол, мускатно оревче
- уште и....
- 2 парчиња топено сирење
- 50гр. крем сирење
- 180гр. рендан кашкавал
Подготовка
Верзии и варијанти на паста има во навистина огромен број овај денешниот запис е од нашето мени.
Макароните се ставаат да се варат во садот со вода во која сме додале малку сол и малку масло. Доволно им е 8 минути на тивко, не треба да се доварени.
Додека тие се варат на тивко, во сад настрана се става путерот да се загрее, се додава кромид, лук и месото, убаво се ситни, се зачинува, нека пропржи 5 минути. Се додава топла вода и се остава да се динста додека сосема не испари водата.
За тоа време макароните се вадат на страна во цедалка, исцедени се префрлаат во садот каде ќе се печат, над нив се распоредува меленото месо.
Бешамел се подготвува од состојките при што млекото се додава постепено за да не се создаваат грутчиња. Кога ќе се изедначи цела смеса се ставаат крем сирењето и топеното сирење, се зачинува и се трга на страна.
Над месото во садот за печење се става по цела површина од сосот. Се оставаат во рерна на 200 степени да се печат 15 тина минути. Се вадат за кратко од рерната и се посипуваат со рендан кашкавал, потоа се враќаат назад, но треба само да се истопи кашкавалот.
Доколку сакате во бешамелот додавајте пармезан, јас во моментот го немав па импровизирав со топено сирење.