Редена пита- гибаница со готови кори и фил од спанаќ
Состојки
- 500гр кори, тенки
- 2 плеха, правоаголни
- фил
- 500гр урда
- 4 јајца
- 200мл јогурт
- 200мл кисела вода
- 1лажиче сол
- 100мл масло
- 1/2лажиче пециво
- 500гр исчистен спанаќ, значи оклу 1 кгр цел
- премачкување
- 1 јајце
- 1 лажица јогурт
- сусам
Подготовка
Прво корите ги броиме и ги делиме на два дела
Од секој дел ќе формираме по еден ролат.
Прво исчистениот спанаќ го бланшираме и многу убаво го цедиме, со рацете.
Во сад ги соединуваме јајцата, солта, маслото, јогуртот, киселата вода, урдата, спанаќот и пецивото
На работната маса ставсме една кора,
врз неа расфрламе од подготвеното полнење, 2-3 лажици
врз тоа оди втора кора, полнење, трета кора, полнење.... додека не ги истрошиме сотојките за првиот ролат.
Со остар нож го сечиме на парчиња дебели 2 см
Ги редиме во плех легнати.
Ги премачкуваме со изматено јајце и јогурт.
Посипуваме сусам
Оваа тава одма оди во рерна да се печи на 180 с.
за тоа време ќе го подготвиме другиот ролат на ист начин.
И него го печиме.
сервираме топли со чаша јогурт
Јас работев во 2 плеха
имав 22 кори во 500 гр.
Нека бидат полабави наредени во плехот за да има место каде да се движат.
Затоа се цели со шуплини, прекрасниии се
Или може да се печи оваа пита во најголем плех од голема рерна.