Испечати

Колач со прелив од вишни (без печење)

Колач со прелив од вишни (без печење)

Состојки

  • подлога
  • 3 лажици кокосово масло
  • 2 лажици какао
  • 2 лажици путер од кикиритки
  • 2 лажици мед
  • 1 1/2 шолја овесни снегулки
  • 4 лажици варена киноа
  • 50 гр сецкани урми
  • 3 лажици млеко
  • прелив
  • 150 гр вишни
  • 2 лажици кокосово масло
  • 2 лажици мед
  • 2 лажици какао

Подготовка

1. Во сад на тивок оган ги ставаме кокосовото масло, какаото и путерот од кикиритки. Мешаме додека да се растопат состојките.
2. Овесните снегулки ги блендираме во блендер на најситно.
3. Садот го тргаме од оган и во него ги додаваме овесните снегулки, медот, варената киноа, сецканите урми и млекото промешуваме.
4. Смесата ја ставаме во кружен силиконски калап, ја тапкаме и ја оставаме во фрижидер да се стегне.
5. Во меѓувреме го правиме преливот. Во блендер ги ставаме вишните, блендираме. Во длабок сад ги ставаме вишните, кокосовото масло, медот и какаото. промешуваме. Смесата ја ставаме врз колачот. Украсуваме со листови кокос. Оставаме да се излади и послужуваме.