Испечати

Винчини бомбици со бисквити, пченица, орев и маџун од рогач

Винчини бомбици со бисквити, пченица, орев и маџун од рогач

Состојки

  • 100гр мелени винчини бисквити
  • 100гр пченица
  • 3 лажици маџун од рогач
  • 1 лажиче аранчини
  • 1/4 лажиче цимет
  • 3-4 лажици мелен орев
  • црно чоколадо за декорација

Подготовка

Душава ми посака нешто вакво, ароматично и вкусно да каснам.
Па еве го мојот денешен експеримент

Прво истребената и измиена пченица ја вариме.
Потоа доброоо ја цедиме од течноста.
Во нутрибулет ги мелиме винчини бисквитите, оревите, аранчините од портокал.
Ставаме во еден сад.
Пченицата и неа малку ја мелиме во нутрибулет.
Нека остани и по некое зрно.
Ја додаваме во садот, па додаваме маџун, цимет и ореви.
Изедначуваме
Од водливоста на пченицата зависи колку орев ќе ви треба.
Со влажни раце формираме бомбици
Ги декорираме со растопено чоколадо
На здравје едноставнава убавина
До колку не сакате маџун ставете мед. Но со маџун бомбицивее имаа посебен шмек