Овошна торта со Винчини бисквити и капини (без печење)
Состојки
- 200гр бисквити Винчини
- 100 мл капучино од чоколадо
- 1 кесичка пудинг од чоколадо
- 1 литар млеко
- 1 кесичка шлаг пена
- 250 гр маргарин
- 100 гр бела чоколада
- 200гр капинки
- 100 гр шеќер за со капинките
- 1 пакетче ресани, мислам дека се пакетчината од 100 на гр
Подготовка
Оваа торта излезе како комбинација на тоа што имав во моментот дома, а ја направив по повод именденот на моето синче кој беше пред некој ден.
Најпрво да споменам дека во состојките имам напишано еден литар млеко, кои го распределуваме по потреба за пудингот, за шлаг пената.
Најпрво ги кршиме бисквитите од Винчини, јас обично ги кршам со сукало, ги ставам на едно пачетче и со сукало ги кршам. Откако ќе ги искршеме, додаваме 100 гр маргарин, исто така претходно направеното и оладено капучино од чоколадо.
Мешаме се заедно и откако смесата ќе стане хомогена, ја ставаме во калапче или ако немате може во малечко тепсиче тамам е за бр 28.
Во меѓувреме го правиме пудингот од чоколадо според упатството и додаваме една лажица маргарин и мешаме додека е топол сеуште пудингот, па го оставаме малку да се подолади.
На веќе ставената смеса од бисквити ставаме еден слој пудинг, па одгоре ги ставаме ресаните,па на ресаните ги додаваме капинките, кои претходно ги вариме малку со 100 гр шеќер да се направат како џем, и од го ставаме остатокот од пудингот.
Вака добиената торта ја ставаме во фрижидер малку да се стегне.
Ставаме во мало тенчерче 100 мл млеко, 100 грама бело чоколадо и мешаме додека не се растопи. Откако ќе се растопи додаваме 100гр маргарин, и оставаме да се олади.
Во меѓувреме го правиме шлаг кремот. Го правиме шлагот по упатството на кесичката и до додаваме растопеното чоколадо кое го направивме, веќе е оладено, и заедно мешаме.
Откако ќе добиеме убава смеса ја премачкуваме тортата најгоре, декорираме со капинки најпосле.
Вака малку изгледа како сложено, но е многу лесна за правење и превкусна за јадење торта.