Хачапури со урда
Состојки
- 500 гр брашно
- 200 гр млеко
- 1 јајце
- 1 лажичка сол
- 1 лажица шеќер
- 3 лажички сув квасец
- 300гр урда
- 1 јајце (за премачкување)
Подготовка
Во просеано брашно додајте квасец, сол, шеќер, млеко, јајце и замесете тесто. Оставете да стаса.
Од тестото направете топчиња, оставете ги на 15 минути да отстојат.
Од топчињата формирајте бродчиња, внатре ставете урда и прелијте со изматено јајце. Тестото премачкајте го со јајце и наросете со сусам.
Печете го на 220 степени околу 35 минути.
Добар апетит!