Испечати

Најкремасто кафе-Далгона

Најкремасто кафе-Далгона

Состојки

  • 2 лажички инстант нес кафе
  • 2 лажички шеќер
  • 2 лажици врела вода
  • млеко, вода, мраз по потреба...

Подготовка

Кафе, по кое полуде цел свет.
Ова е хит во светот, со преку 4 милиони прегледи на нет
Малку состојки, но големо уживање...

Користиме исклучиво инстант кафе лажички ( а не 2х 1, 3х1) 2 кои се ставаат во сад, пожелно подлабок да е.
Се додава 2 лажички шеќер и 2 лажици врела вода ( јас ја топлам на оган, не од болјерчето)
Промешуваме со лажичка.
Сега земаме миксер и матиме одприлика околу 5 минути, на најголема брзина, додека не добиеме ВРВОВИ, како на шампа
Ова е количина доволна за 2 чаши.
Во чашите налеваме млеко( или вода за фрапе) и ставаме по 2 полни лажички од погдотвениот кафе крем.
Сервираме
Послужуваме лажичка или сламка, за да се промешаат состојките