Пржен свински џигер со кромид и моркови
Состојки
- 4 моркови
- 5 главици кромид
- 500гр свински џигер
- 500 мл вода
- 100 мл масло да се запржи
- 1 лажица сол и црн бибер мешано
Подготовка
Свински црн џигер за денешното мени. Едноставно преубав ручек.
Џигерот добро измијте го и исчистете го од жиличките.
Исецкајте го на коцкички.
Во сецкото исецкајте ги убаво претходно исчистениот кромид и морковите.
Во тавче на оган пржете ги.
Штом се некаде до пола пржени, додајте им го џигерот и продолжите со пржењето.
Зачинете.
Кога џигерот ќе ја смени бојата, тогаш налејте вода нека го покрие.
Нека крчка така додека не испари водата.
Кога е готово оставете уште 2 минутки да се запржи и сервирајте.
Сервирајте топло.
На здравје!