Жирафа палачинки
Состојки
- 1 јајце
- 2 и пол шоли брашно
- 1 и пол шола млеко
- 1 шола кисела вода
- прстофат шеќер и сол
- За кафеав дел
- 1 шола од смесата за палачинки
- 1 лажица кафеав шеќер Натура
- 1 полна лажица какао
- Друго
- масло за премачкување на тавчето
- Алми крем за полнење на палачинките
Подготовка
Еден интересен начин да си приготвите благи палачинки кои се убави и на изглед и во вкус. Особено им се радуваат децата.
Изматете го јајцето, додадете малку сол и шеќер, додадете го млекото и киселата вода па постепено додавајте го и брашното. Мешајте убаво со маталка. Треба да добиете средно густа смеса, ако ви се чини дека смесата е прегуста, додадете малку кисела вода.
Од оваа смеса, тргнете на страна во ѓезве околу 250 мл, додадете какао и шеќер и убаво измешајте да нема грутчиња.
Потоа загрејте го тавчето за палачинки и премачкајте го со масло. Пред секоја палачинка, премачкувајте го тавчето со масло.
Прво истурете од кафеавата смеса тенок млаз и исцртајте шара, а по 10тина секунди, додадете од белата смеса измеѓу кафеавите шари. Можи и преку целата кафеава шара да додадете од белата смеса, така само едната страна ќе ви дојде шарена. Остатокот од печењето на палачинките е како вообичаено при подготовката на палачинки.
После печење, додадете од вашиот омилен крем и завиткајте ги во должина на шарата.
На здравје