Баварски лепчиња
Состојки
- За тесто
- 500 г брашно
- 250 мл топла вода
- 100 мл масло
- 1 лажиче кафеав шеќер Натура
- 1 лажиче сол
- половина коцка квасец
- За потопување
- 500 мл вода
- 1 и пол лажица сода бикарбона
- 1 лажиче сол
- За одозгора
- крупна сол за попрскување
- путер за премачкување после печење
Подготовка
Продолжувам во Баварскиот дух после успехот со переците. На ред дојдоа баварски лепчиња. Превкусни, меки и поедноставни за правење од переците.
Растворете го квасецот во водата со шеќерот.
Потоа додадете ги останатите состојки за тестото и замесете меко тесто. Оставете го да надојди 1 час.
Потоа поделете го на 16 парчиња.
Од секое парче оформете топче и малку сплескајте го со дланката. Оставете ги така непокриени 20тина минути.
Откако сите топчиња ќе бидат подготвени, сварете ја водата со солта и содата.
Секое топче ставете го во водата која врие по 10тина секунди и вадете ги прво на крпа, па потоа редете ги во плех обложен со хартија за печење.
Засечете ги сите топчиња со остар нож, наросете крупна сол и ставете ги да се печат на 180-200 степени околу половина час или додека убаво не поруменат.
После печењето, премачкајте ги со путер.
На здравје