Млечно протокалов десерт
Состојки
- 100 гр кокос за декорација
- За жолт дел
- 200мл сок од портокал
- 2 лажици шеќер
- 2,5 лажици густин
- За бел дел
- 200мл млеко
- 3 лажици шеќер
- 2,5 лажици густин
- 1 пакетче ванилин шеќер
Подготовка
Многу вкусен лесен и нежен десерт.
Во млекото додајте 2 и пол лажици густин, 3 лажици шеќер и 1 ванила. Ставете да се вари додека не загусне.
Во сокот од протокал ставете 2 и пол лажици густин и 2 лажици шеќер. Ставете да се вари додека не загусне.
Во форма по ваша желба ставете прво бел дел, врз него истурете жолт дел и ставете во фрижидер да се стегне.
Готовиот десерт посипете го со кокос.
Добар апетит!