Десерт во чаша со орео
Состојки
- 1 кесичка прашок за пудинг од ванила
- 1/2 л млеко
- 3 лажици шеќер
- 100 гр слатка павлака
- 6 лажици орео трошки(за една чаша)
Подготовка
Едноставен,лесен,брз и вкусен десерт.
Прво се вари пудингот според упатството заедно со шеќерот и млекото.
На страна се мати слатката павлака. Се додава во ладниот пудинг и убаво се маша.
Во чашата прво ставаме три супени лажици орео трошки, па неколку лажици од кремот. Повторно ставаме три лажици орео трошки па крем.
Оставаме да се олади и послужуваме.
Декорираме со ливчиња нане и колачиња.
*од оваа мера излегуваат 3 чаши десерт