Пита со манго гриз и брусница (посно)
Состојки
- 500 гр кори
- 260 гр исчистено манго
- 900 мл вода
- 200 гр шеќер
- 100 гр брусница
- 1 ванилин шеќер
- 200 мл масло
Подготовка
Еве уште еден посен десерт во низата на мои посни рецепти.
Подготовка
1. Исчистеното манго со 100 мл вода го ставаме во Нутрибулет или друг блендер да се сомеле.
2. Во сад на оган ставаме 800 мл вода и шеќер како и сомеленото манго.
3. Кога ќе почне да врие го ставаме гризот, ванилата и брусницата.
4. Смесата ја вариме на тивко, со постојано мешање, неколку минути додека гризот убаво да се свари и смесата да згусне.
5. На секоја кора попрскуваме со масло, а може и да го размачкуваме маслото со силиконска четка.
6. Ги ставаме корите една врз друга, а на секоја петта на почетокот од корите ставаме од веќе подизладениот фил.
7. Мотаме ролат и го ставаме во намрсено тавче. Така додека да ни се потрошат корите.
8. Одозгора пред печење малку ги премачкав со кисела вода и масло.
9. Ги печеме на 200 степени во загреана рерна додека да поруменат.
10. Откако ќе се испечат се сечат и по желба се посипуваат со шеќер во прав.
Забелешка
Од мангото што го имав јас откако го исчистив излезе дека ја има тежината напишана во состојки, па така и го направив филот.