Испечати

Паста со пржени колбаси со праз

Паста со пржени колбаси со праз

Состојки

  • 300гр тестенини, машнички
  • 300гр домашни колбаси со праз
  • 1 мало тегле домашна апетитка
  • 1 лажица сецкан магдонос
  • вода, сол за варење
  • ако немате домашна , лута апетитка потребно е
  • 250мл домашен, доматен сос, 1 црвена пиперка, 1 чили пиперче, малку масло, сол, лукче, бибер..

Подготовка

За промена, еве еден убав предлог за вкусен оброк.

Прво во касерола на оган ставаме вода и малку сол да зоврие.
Потоа ги додаваме тестенините да се варат според упатството.
За тоа време колбасот, го завиткуваме како полжав.
Го прицврстуваме со чепкалки да не се отвори при пржењето.
Така подготвен го ставаме во тава со малку масло да се испржи од двете страни.
Од кога се готови тестенините, ги процедуваме, но оставаме 1-2 лажици од течноста.
Ги враќаме во касеролата, ги додаваме тие 1-2 лажици течност и содржината од теглето, односно апетитката.
Додаваме и сецкан магдонос и готвиме 1-2 минути.
Вака подготвените тестенини ги сервираме во тањир, а врз нив го ставаме домашниот, пржен колбас.

Доколку немате апетитка, подгответе ја на ваков начин.
Во касерола ставаме малку масло и ги додаваме лупените и рендани домати.
Нека покрчка малку, па додаваме сецкана пиперка, чили, по желба лукче, магдонос, сол, бибер, некое зрно шеќер.
Нека крчка 10 минути и готово е.