Печен свински бут со гарнир од грашок
Состојки
- 1 кг свински бут
- 3 лажици свинска маст
- 2 лажици сенф
- 1 лажица мешан сув зачин
- 1 лажичка црвен пипер
- 1 лажичка лук во прав
- 2 мали конзерви прашок
- 2 моркова
- 1 главица виолетов кромид
- 1 лажица брашно
- Зачини по вкус
Подготовка
Бутот го премачкуваме со маст, сенф и го посипуваме со зачини. Во огноотпорен сад со капак го ставаме да се пече на 180 степени околу 1 час. Го превртуваме и продолжуваме со печење уште еден час. Морковот и кромидот ги сечкаме и ги ставаме на масло да се пропржат до омекнување. Го истураме грашокот од конзерва и од едната конзерва водата во која стоел грашокот. Зачинуваме, промешуваме и динстаме кратко, да испари течноста и да ни згусне составот. На крајот истураме од софтот од тавата во која сме го печеле месото. Промешуваме. Парчето бут го сечкаме на тенки листови и гарнираме со грашок.
Забелешка
Ако месото ви се ,,собере“ може да го пресечете на две парчиња и да продолжите со печење.