Испечати

Печени панцероти со џем од јагоди

Печени панцероти со џем од јагоди

Состојки

  • За тесто
  • 1 кг брашно
  • 2 сув квасец
  • 3 лажици шеќер
  • 1 лажичка сол
  • 200 мл масло
  • 550 мл млако посно млеко
  • За полнење
  • Неколку лажици џем од јагоди
  • Неколку лажици посен крем
  • Шеќер во прав по потреба

Подготовка

Мирис на џем од јагоди...Мммммм....Не знаеш дали да земеш лажица да го сркаш од тегла или да го ставиш во колачи па да ти мириса цела куќа на јагоди. Денес ваква варијанта направив со овој мирисен џем.

Подготовка
1. Од сите состојки за тесто замесуваме средно меко тесто кое го оставаме да стаса да се дуплира.
2. Тестото го размесуваме и го расукуваме со дебелина од 5-8 мм и вадиме кругови со калап или чаша.
3. На секој круг од тесто ставаме по една лажица џем или посен крем.
4. Ги затвораме и притискаме со вилушка по краевите добро да се затворат, за да не истекува филот.
5. Ги редиме во намрсено тавче и ги печеме во загреана рерна на 200 степени.
6. Откако ќе зацрвенат и се испечат ги посипуваме со шеќер во прав.

Забелешка
Круговите ги сечете по желба, односно со колкава големина сакате да ви бидат панцеротите. Можете да ги расукате и да ги наполните со фил, па да ги направите и поголеми. Во тестото може да ставите и повеќе лажици шеќер ако сакате да ви бидат поблаги, ама тоа зависи и колку ви е благ џемот.