Печени панцероти (посно)
Состојки
- За тесто
- 600 гр брашно
- 30 гр компирови снегулки
- 1 лажичка сол
- 100 мл масло
- 1 сув квасец
- 400 мл млака вода
- За полнење
- 4-5 лажици ајвар
- 10 маслинки
- 10 свежи шампињони
- Малку оригано
- За премачкување
- 1 лажица брашно
- 1 лажица масло
- 2-3 лажици вода
- Сусам за посип
Подготовка
Во овие панцероти изборот на полнењето го одбирате по вкус, јас вака ги направив.
Подготовка
Тестото го замесуваме со млака вода и сите состојки. Го месиме убаво, а треба да ни биде средно меко замесено. Го оставаме да стаса, да се дуплира. Додека стасува ги сечкаме маслинките и печурките. Го размесуваме и го расукуваме да ни биде со дебелина од околу 8-10 мм. Вадиме кругови во големина по желба. На секој круг ставаме малку ајвар, по некоја маслинка и печурка и прстофат оригано. Ги затвораме круговите и накрајот ги поминуваме со вилушка како не би ни се отворале при печење. Откако ќе го наполниме првото тавче ја вклучуваме рерната да се загрее на 220 степени. Ги премачкуваме со смесата за премачкување и ги посипуваме со сусам. Стасаните панчероти ги печеме во загреаната рерна до поруменување. Ги покриваме со крпа до дегустирање.
Забелешка
Смесата за премачкување ја правиме како смеса за палачинки. Калкулирајте со состојките , можеби ќе ви треба повеќе од колку што е запишано.