Панделки - кифлички (посно)
Состојки
- 1 свеж квасец
- 3 лажици шеќер
- 1 лажица сол
- 5 лажици масло
- 1 кг брашно (и по потреба)
- 500 мл млака вода за замесување на кифлите
- Премаз
- 1 лажица брашно
- 3 лажици вода
- 1 лажица масло
Подготовка
Овие панделки ги сервирав во наградата од Винчини со преубавата чаша.Ви благодарам.
1. Во малката вода се става квасецот и шеќерот и малку брашно. Се остава да надојде квасецот. Се додават потоа сол, масло и брашното по потреба за да се добие убаво меко тесто. Се остава да одмори на топло 30мин.
2. Од тестото се прават топчиња колку орев. Секое топче се намрснува со малку масло.
3. Се прават кифлички по ваш избор. Јас правев панделки (види на сликата). Се сучи топчето колку тацна се превиткува на половина се засекува. Се премачкуваат со премазот и сусам малку киснат и се печат на 200С-25мин.