Испечати

Посна, лута мусака со грашок и ориз

Посна, лута мусака со грашок и ориз

Состојки

  • 1 главица сецкан кромид или 1/3 страк праз
  • 1 морков
  • 1 лута везена пиперка
  • 1 филџан грашак
  • 1 филџан ориз
  • 2 компири
  • 1 мал црн домат
  • магдонос
  • сол, зачин и бибер по вкус
  • вода, да се залие зајрето

Подготовка

На загреано масло прво го запржуваме кромидот, додаваме морков сецкан на коцки, запржуваме, па додаваме измиен ориз и сецкана, везена лута пиперка.
Запржуваме 2-3 минути.
Додаваме грашок.
Додаваме и зачини, магдонос.
Јас користев модар патлиџан запржен, па замрзнат.
Значи препорака е моја ако се користи свеж, прво малку да се запржи од двете страни.
Сега во средината ги редиме кришките компир, а покрајот круговите црн домат.
Налеваме вода.
Печиме околу 30 минути во загреана релна.
Сервираме топло.