Пита со праз, јајца, сирење со кори од машинка за тесто
Состојки
- 1/4 коцка квасец
- 1/2 лажиче шеќер
- 1/2 лажиче сол
- 2 лажици масло
- 100мл топла вода
- 120 мл топло млеко
- 1 јајце
- околу 400 гр брашно
- фил
- 3 страка, ситно сецкан праз
- 2 јајца
- 150гр дробено сирење
- масло, сол, мнооогу бибер
- за премачкување на коричките
- 2 лажици масло
- 20-30 гр путер
Подготовка
Анжеликааааа, јави се хахаха
По твојата идеа за кори на машинка......еве една пита.
Не ми требаа многу танки, спремав фиде за дома, па ај си реков да те послушам, да направам по твоја идеа.
Брзо и многу вкусно.
Како си ја замислив питава, така и ја подготвив.
Превкусна беше.
Прво го подготвуваме филот да ни е готов,
На загреано масло го пржиме празот.
Од кога е готов, го тргаме од оган, па додаваме сол, бибер, дробено сирење и јајца.
Соединуваме.
Во вангличка ги ставаме квасецот, млекото, шеќерот, лажиче брашно.
Промешуваме и одма додаваме сол, масло, вода, јајце.
Соединуваме со вилушка.
Постепено додаваме од брашното.
Замесуваме средно меко тесто.
Не го оставме да втаса, туку го делиме на 10 топчиња.
Сега секое топче прво по малку го набрашнуваме, за да не заглави во машинката за кори.
Го поминуваме прво на 1, а потоа на 3 или 4.
Така постапуваме со сите топчиња.
На дното на правоаголна ростер тава премачкуваме малку масло.
Ставаме по должина 3 корички.
Врз нив со четка премачкуваме од маснотијата.
Ставаме половина количина на подготвен фил.
Повторно ставаме три корички.
Ги премачкуваме со маснотија.
Повторно фил, втората половина.
Покриваме со три корички.
Сега од она 10 топче, направив танка лента на 7.
Исеков танки траки, кои ги поставив околу цела пита и попречно на неа.
Ја премачкуваме цела пита со остаток на маснотија.
Печиме во загреана релна на 180С, околу 25 минути.
Сервираме со јогурт и уживамеееее.