Домашно фиде со машинка за тесто
Состојки
- 2 јајца
- 200гр брашно
- 1/4 лажиче сол
Подготовка
Во вангличка се ставаат јајцата и солта и се соединува со вилушка.
Се додава брашно и се замесува тесто понатврдо.
Можеби ќе требаат 10 гр + и - брашно, во зависност од големината на јајцата.
Потоа тестото го делиме на топчиња.
Ако се работи за поголема количина на состојки, секое топче мнооогу танко се премачкува со масло за да не се суши.
Тестото го делиме на 5-6 топчиња.
Секое топче прво го поминуваме на 1 на машинката за кори, па на 3, па на 5 ,па на 7, па на 9.
Така подготвените ленти ги оставаме малку да завенат, да се подсушат.
Потоа со помош на додатниот дел на машинката, формираме, резанци, односно фиде.
Го рашируваме на чисто кујнско чаршавче и го сушиме неколку часа во топла просторија, а на лето на сонце, покриено со газа.
Домашно си е домашно!