Брзи кроасани до крем
Состојки
- 500мл. млеко
- 200мл. јогурт
- 3 јајца
- 3 супени лажици шеќер
- 1 кафена лажичка сол
- 250гр. путер
- 1 свеж квасец
- 1кг. и 1.200кг брашно
- За фил
- крем Винчини
Подготовка
Од сите состојки (без путерот) се замесува тесто и се дели на 4 еднакви дела, исто така и путерот се дели на 4 еднакви дела. Од секој дел тесто се вадат по 8 топчиња.
Секое топче се расукува како за кифла, па се премачкува со путер. Парчињата расукано тесто се редат едно врз друго.
Се расукува поширока кора и се дели на 8 дела.
На секое исечено парче се става малку крем на почетокот, од пошироката страна, па се витка како кифла.
Пред да се печат кроасаните, се оставаат да нараснат половина час, потоа се премачкуваат со жолчка и се печат во претходно загреана рерна на 250 степени.
Треба да добиете 32 кроасани. Големината и бројот на красаните зависи со каква големина сакате да ви бидат кроасаните.
На здравје...