Пециво полнето со мелено месо
Состојки
- За тесто
- 750 гр брашно
- 10 гр сув квасец
- 100 мл масло
- 250 мл млако млеко
- 250 мл млака вода
- 1 лажица шеќер
- 2 лажици инстант компир пире
- 1 лажичка сол
- За фил
- 2-3 лажици свинска маст
- 500 гр мелено месо
- 1 кромид
- 1 пиперка
- Сол зачин за гиро, бибер
- 100 гр кашкавал
- За премачкување
- 1 јајце
- 20 гр сусам
Подготовка
Подготовка
Во еден сад ги ставаме сувите состојки па го замесуваме со влажните. Треба да добиеме средно меко тесто, кое го оставаме да стаса, да се дуплира. За тоа време го подготвуваме филот. Кромидот и пиперката ги сечкаме ситно и ги ставаме да се пржат до омекнување. Го додаваме меленото месо и го упржуваме, а на крајот ги додаваме зачините по вкус. Рерната ја вклучуваме на 200 степени да ни се загрее. Го размесуваме тестото и го расукуваме со дебелина околу 5 мм, значи тенко. Вадиме кругови со пречник по желба и секој го полниме со гилот од мелено месо, па рендаме кашкавал. Го затвораме кругот и пристискаме со вилушка од страните. Ги ставаме во намрсено тавче, ги оставаме околу 5 минути да потстасаат, ги премачкуваме со разматено јајце и ги посипуваме со сусам или семки по вкус и желба. Печеме до поцрвенување или околу 15 минути.
Забелешка
Конечно си купив калапчиња за ваков тип на тесто па овој пат ги користев нив. Јас користам делимано тави и не ги намрсувам воопшто пред да го ставаме тестото за печење, и по години употреба не се случило да ми се залепи тестото.