Испечати

Маринирано потпечено пилешко со рузмарин и оригано

Маринирано потпечено пилешко со рузмарин и оригано

Состојки

  • 800 гр. пилешки копан со надкопан
  • За маринада
  • 2 лажици мајонез
  • 1 лажица сенф
  • 1/2 лажиче сушен рузмарин
  • 1/2 лажиче оригано
  • малку масло
  • по вкус сол, мешан сув зеленчук, мелен црн пипер
  • Плус
  • 1 кг. компири

Подготовка

Уште еден рецепт за пилешко...пилешко на 1001 начин.. )))

Во длабоко чинивче се мешаат мајонезот, сенфот, рузмаринот и ориганото.
Копанчињата се мијат, бришат со кујнска хартија, се попрсуваат со масло, посолуваат со сол, мешан сув зеленчук, мелен црн пипер. Потоа со маринадата убаво се премачкуваат и се оставаат да отстојат во фрижидер најмалку 2 часа.

Во соодветна тава се ставаат компирите, попрскуваат со масло и зачини по желба, кој што најчесто си ги користиме, се мешаат.
Во средината се редат копанчињата и се полеваат со остатокот од маринадата.

Се печат во загреана рерна додека убаво поруменат, на 200 околу 1 час.

Компирите стануваат многу вкусни, попримаат од соковите на маринираното пилешко во текот на печењето.

На здравје!